недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски до Шилегов: Јавноста треба да знае каков неработник сте

Трајановски до Шилегов: Јавноста треба да знае каков неработник сте

Градоначалникот Петре Шилегов во два наврати, во приватен разговор ме има прашано кој е сопственик на Инфомакс и дали сум го купил Инфомакс. Ако не се сеќава на мојот одговор ќе го потсетам овде за да не се бламира во јавноста, за градоначалникот ми е не ми е за јавноста, јавноста знае кои се сопственици на Инфомакс. Мојот одговор тогаш и сега е: Не сум сопственик на Инфомакс, ти немаш пари да го купиш Инфомакс, не па јас, пишува на Фејсбук Александар Трајановски, советник во Град Скопје од ГРОМ.

-Од Инфомакс ќе ти одговорат сигурно, а можеби и ќе те тужат за клевета, доста несмасно за правник адвокат.
Ако добро го слушнав прашањето од новинарката ве праша за обвинувањата, ама за тоа збор не кажавте.
Зборевте за тоа каде јас имам право да ги изнесувам моите обвинувања. Со кое право?
Не градоначалник, не се само за на совет туку и за во јавност. Затоа што седниците на Советот на Град Скопје ги држите во заложништво и онлајн, ја исклучувате јавноста за да вашите, пред се ВУЛГАРНОСТИ, па потоа и манипулации и незаконско работење не излезат во етерот. Затоа колку повеќе се обидувате да не замолчите и се скриете од јавноста ние толку повеќе ќе ги алармираме граѓаните за вашите злоупотреби, тоа е наша обврска према граѓаните кои не избрале и мене и вас.
Јавноста треба да знае каков неработник сте.
И јас како и вие работам на својот ПР. Но јас го плаќам од сопствен џеб, а ти Петре го плаќаш од џебот на скопјани.
Ајде почитуван градоначалник да збориме за 18 милиони денари пари на граѓаните на Скопје за поддршка за градоначалникот, за каква поддршка?
Ајде Петре да прошетаме низ Скопје да ги покажеш чешмите од 90.000 денари без ДДВ, на мене и на скопјани.
Ајде Петре да збориме за тоа како немоќно молчеше и гледаше на страна додека „мазутот“ но Кочо гореше по скопскисте болници, училишта, градинки и институции…
Ајде Петре да продискутираме за како тоа кога град Скопје го превземавте имаше околу 450 вработени, а сега преку 700.
И за крај, излишно е трети пат да ве канам на дуел. Се гледаме на наредната седница на Советот на Град Скопје, се надевам конечно со физичко присуство, а и медиумско секако.
Се гледаме градоначалник, пишува Трајановски.

Најнови вести