Како човек што бил градоначалник на општина, на главен град, Претседател на ЗЕЛС и претставник на граѓаните во законодавниот дом точно знам како треба да функционира системот за време на кризни ситуации и со какви се аномалии се соочуваа системот за заштита и спасување во Република Македонија.
Но никако не можам да разберам дека веќе втора година не е направен сервис на авионите за гаснење пожари и истите не се во функција, не можам да разберам како тоа војската не може да делува за време на ноќта, не можам да разберам како функционерите кои се поставени да раководат со институциите кои се одговорни за кризни ситуации, си дозволуваат доцна да реагираат во вакви ситуации како вчера во Кочани, вели Коце Трајановски.
-Не можам да разберам МАКЕДОНИЈА гори а одговорните да си тераат прослави, па тек по реакциите на јавноста на полноќ да се мобилизираат.
Тоа е недомакинско и крајно неодговорно однесување,ние како политичари сме сервис на граѓаните и во добро и во лошо ние сме тие што треба да ги сервисираме нивните потреби.
1. Градоначалник на една општина/град е во функција 24/7 365 дена во годината и за тоа треба да е свесен уште првиот ден кога граѓаните ќе му ја дадат довербата на избори.
Истиот за време на кризни ситуации е командант на бригадата за заштита и спасување во својата општина/град.
Градоначалникот и останатите одговорни лица од институциите се должни ситуацијата да ја контролираат, командуваат и да учествуваат во разчистување на проблемите од лице место,и дење и ноќе,не смеат да го напуштат местото каде што има непогода или друга кризна ситуација,(тоа сум го докажал со личен пример, без разлика на која функција сум бил избран од граѓаните за да ги претставувам),цело време да се во комункација со сите алки од системот.
Кризниот штаб треба постојано да заседава на лице место.
Должен е превентивно преку кампањи,едукација на населението и слично да делува за да спречи или ублажи било каква непогода.
2. Институциите кои се одговорни за кризни ситуации а се под ингеренции на извршната власт (владата) се должни веднаш да постапат и да помогнат по барање на градоначалникот во која општина има потреба.
Истите се должни да ги опремуваат со механизација,возила,техничка и заштита опрема П.П.Е.
3. Владата е должна будно да ја следи ситуацијата и доколку процени дека потребна е помош од дополнителни ресурси (механизација,алати,работници)да се обрати и да побара помош од приватни компании или да се обрати веднаш до пријателските земји за помош.
Владата е должна во текот на една буџетска година да предвиди средства за опремување на П.П.Е,институциите од системот за заштита и спасување,јавните претпријатија и останатите институции под нивна надлежност. Истата е должна да предвиди средства за оддржување и сервисирање на ресурсите со кои располагаат погоре споменатите институции и секако да ја контролира нивната работа.
4. Најважно е после секоја природна непогода или друга кризна ситуација да се извлече поука и веднаш да се реагира доколку има аномалии системот.
Најлесно е да се бараат оправдувања или да се вперува прстот кон друг,а да се отргнува одговорноста од себе.
5. Минимална задоцнета реакција на било која алка од овој систем, кој треба да функционира како едно,може да чини многу.
Затоа е важно навремена и превентивна реакција.
ГРАЃАНИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОВЕДАТ ВО СИТУАЦИЈА ДА НЕМААТ ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ!, пишува Трајановски на Фејсбук.