Дали има поголем срам да не се спротивставиш на соседска прегратка која ти го одзема здивот и сака да те претвори во историски артефакт? Најголемиот парадокс е што токму партијата што ја претставуваш, како историски наследник на сојузот на комунисти, создаде цели генерации врз основа на непријателство кон Бугарија? Ако Маричиќ не бил должен да оди (како што самиот изјави) во Благоевград а е платен од данокот на секој чесен Македонец, каде е Премиерот кој не води и на крај имаме ли ние Претседател на државата кој се заколнал дека ќе ги брани моите/нашите македонски интереси, запраша Викторија Трајков во својот Фејсбук статус.
Таа напиша дека е Македонка, зборува македонски јазик и нејзиниот прв интерес е одбрана на македонските интереси секаде и во секоја прилика!
– Но очигледно, не знаеме сите кои сме! Или пак сегашните водачи лутаат од лево кон десно, во ограничениот капацитет на сопствениот ум и таму ги сместувaaт народот и нацијата кои ги водат, додава Трајков во својата објава.