Универзитетскиот професор Викторија Трајков која и воедно е кариерен дипломат и стратешки соработник за меѓународна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија истакна дека МНР стана социјална служба, се прибира партиска испостава.
„Она што е генерална одлика на македонската дипломатија последните години се различните состојби во поглед на хаосот не само во дипломатско конзуларните претставништва, туку и во самото МНР. Почна со претходниот министер, продолжи со сегашниот. Од санкционирање на вработени, со што и јас лично се соочував со Димитров, до тоа кој се не претставува во државата за на крај да завршиме дека треба да се ангажираат пензионирани дипломати. Девалвирана е самата професија“, појасни Трајков.
Таа укажа дека македонскиот дипломатски синдикат постојано алармира за неправедност и партизација на МНР, потоа сопруги, сопрузи, кој нема каде дошол тука, што треба да биде сосема спротивно. Се прават злоупотреби, не се даваат шанси на луѓе кои се по 12-13 години во министерството. Во МНР треба да важат други критериуми за вработување.
„Има голема поделеност во МНР. Многу е мал е бројот кој смета дека министерството функционира добро, повеќето сметаат дека МНР се движи во погрешна насока, а во тие кои сметаат така дури има и од СДС и ДУИ“, рече Трајков.
„Постојано алармираме во тој поглед, затоа што навистина сме загрижени за сето она што се случува, што и се случува на самата македонска дипломатија. Од една страна наградите се можеби добар поттик за да луѓето да работат меѓутоа треба да видиме и по кои критериуми сее доделувани тие награди. И тоа 10, 20, 30% на луѓе кои што вчера се вработиле во МНР, а не се баш заслужни како останатите кои што работат таму со години. Затоа ние го прашуваме министерот цело време кој е критериумот по кој што овие луѓе ги наградува. Не е спорно да се наградуваат луѓе, и треба млади дипломати да се наградуваат и да напредуваат во своја дипломатска кариера меѓутоа не на начин на газење на останатите колеги кои што се со години таму“, заклучи Трајков.
Таа посочи дека МНР е институција во која што владее голема неправда, има и унапредувања кои што се случуваат преку ноќ.
„Ние сега се соочуваме со амбасадор на едно од најстратешките места во светот, кој што не оди на работа, Њујорк, мисијата на ОН на Македонија при Њујорк. Според информациите кои што ги има и нашиот синдикат и тоа што излезе во јавност пред одреден период е дека човекот не е заинтересиран за работата, не оди на работа едноставно“, рече таа.