Во минатото бевме сведоци на одлична меѓународна промоција на Македонија. За Македонија се зборуваше на CNN, Euronews, FOX итн. Бевме присутни на секој голем светски саем. Се воодушевуваме дури и ние како Македонци на прекрасната кампања Macedonia Timeless, додека пак Invest in Macedonia ни донесе многу странски инвестиции. За жал, сега сме сведоци само на дневна политика и брутално потенцирање само на географската одредница која ја додадовме на државното име како тоа да ни ги отвора вратите за туристички посети на нашата земја ”истакна доц.д-р Викторија Трајков од Универзитет Скопје, на денешниот Симпозиум организиран од Македонската Обединета Дијаспора кој се одржа во Скопје!
“Македонија има природни убави што ги нема ниту една држава во Европа. Македонија го има Кокино како втора неолитска опсерваторија, во Македонија има стари црковни градби од 10-ти, 11-ти и 12-ти век. Затоа кој дошол еднаш во Македонија, со сигурност повторно се враќа назад.”
“Македонија мора да поработи на одржување на постојана и непрекината комуникација со својата дијаспора . Тоа е единствениот начин нашите Македонци да имаат чувство на припадност и никогаш да не заборават каде е нивната родна грутка”- додаде доц.д-р Викторија Трајков на денешниот Симпозиум организиран од Македонската Обединета Дијаспора кој се одржа во Скопје!