четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајковски бара изземање на Катица Јанева од случајот „ТНТ“

Трајковски бара изземање на Катица Јанева од случајот „ТНТ“

На денешното судско рочиште за случајот „ТНТ“, поранешниот градоначалник на Гази Баба, обвинетиот Тони Трајковски, побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е застапник на обвинението.

Трајковски појасни дека се сомневаат за поврзаност на директорот на фирмата „Дрим билдинг“, Адриан Амзоски, кој бил инвеститор во зградата „Космос“, со случајот „Рекет“, потенцирајќи дека обвинението против Амзоски за „ТНТ“ било повлечено.

–Среде постапка Катица Јанева го повлече обвинението против Амзоски, рече Трајковски кој додаде дека фирмата „Дрим билдинг“ има уплатено над 16 милиони денари на организацијата „Меѓународен сојуз“, каде претседател е Бојан Јовановски.
Судијата Огнен Ставрев рече дека денешното судење ќе продолжи, а судот дополнително ќе се изјасни по барањето, кое како што рече, немал време да го разгледа.

Најнови вести