Организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски на денешниот Конгрес на кој партијата треба да избере наследник на Тито Петковски сепак не се самокандидираше, иако тоа го најавуваше.
Тој во изјава за „Фокус“ вели дека не ја поднел кандидатурата, бидејќи не сакал да учествува во работата на Конгресот во ситуација кога предлозите за делегати не биле доставени во предвидениот рок.
Во услови кога голем дел на општинските организации на НСДП не доставија предлог делегати во предвидениот рок туку истите ги доставија ден пред одржувањето на Конгресот, како и промена на уредно доставени делегати во последен миг, моето право за самокандидирање не го исполнив не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на Конгресот и носењето на одлуки на истиот, вели Трајковски за „Фокус“.
Тој и вчера искажа сомнеж за легитимноста на Конгресот поради ситуацијата со делегатите. Сега единствен кандидат за претседател на НСДП останува Горан Мисовски.