понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Транталовска: Масовно да се излезе на Референдумот за отфрлање на договорот со Бугарија, ќе ги пребродиме препреките како што го направивме тоа во 1991

Транталовска: Масовно да се излезе на Референдумот за отфрлање на договорот со Бугарија, ќе ги пребродиме препреките како што го направивме тоа во 1991

На годишната Конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати и Дијана Транталовска која е основач на ВМРО-ДПМНЕ и потписник на документот за регистрација на Партијата.

Таа пред присутните истакна дека идејата околу која беше формирана ВМРО-ДПМНЕ се оствари уште по првите парламентарни избори во 1990 година кога Партијата со своето учество во првиот парламентарен состав ги наметна своите програмски цели и ги постави темелите на македонската држава со име Република Македонија.

„Идејата за независна македонска држава околу која се собравме и ја формиравме Партијата се оствари уште по првите парламентарни избори во 1990 година, кога Партијата со своето учество во првиот плурален Парламент ги наметна своите програмски цели и ги преточи во декларации, закони, Устав и со тоа ги постави темелите на независна македонска држава со име Република Македонија. Историска е улогата на ВМРО-вските пратеници кои партиската политика ја подигнаа во државна политика и со тоа беше трасиран патот од кој немаше враќање. Македонија стана самостојна држава и покрај многуте сопки на ретроградните сили од пројугословенска провиниенција“, рече Транталовска.

Таа истакна нагласи дека сега повторно сме исправени пред големиот предизвик да ја ослободиме татковината од политичките противници на ВМРО-ДПМНЕ кои со петгодишното владеење целосно ја уништија, ги срушија сите институции, ја обезличија до непрепознатливост.

За таа цел таа потенцираше дека е многу важно масовно да се излезе и да се гласа на Референдумот за отфрлање на договорот со Бугарија кој е штетен за Македонија.

„Воедно сега е многу важно да се излезе и да се гласа за Референдумот на кој ќе се одлучува за отфрлање на договорот со Бугарија. Како што вели нашиот претседателот Мицкоски тој договор е посеан со отворен плод, тоа дрво денес раѓа отровни плодови. И затоа е потребно македонците да се обединат но и другите граѓани и да излезат и гласаат за отфрлање на ваквиот договор и напуштање на неговата важност. Масовно и во голем број“ истакна Транталовска.

Таа исто така упати и порака до политичарите и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи им дека ВМРО-вската идеја треба да ја вградат во нивното делување, да ја пренесат на идните поколенија, како што тоа го направија основачите на ВМРО-ДПМНЕ ја воскресна идејата на историското ВМРО, зашто таа идеја е нашето битие, таа идеја е македонскиот код, нашето ДНК, без кое би биле безлична маса, без идентитет и посакувана цел на негаторите на нашето постоење.

Најнови вести