вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трас-трас судство на заминување: Апелација ја укина ослободителната пресуда за Лaтас

Трас-трас судство на заминување: Апелација ја укина ослободителната пресуда за Лaтас

Апелацискиот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ на СЈО против новинарот и уредник Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ, потврдуваат од второстепениот суд. Познавачите на состојбите во оваа фела, толкуваат дека ова е одраз на познатото „Трас-трас“ судство на Заев и СДСМ, кои и на заминување се прeсмeтуваат со своите политички неистомисленици.

Предметот е нелогично вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд во Скопје. СЈО го покрена овој случај за наводно бесправно градење три викендички во Зелениково. Предметот пред првостепениот суд го водеше судијката Марија Клетничка-Марковска, а ослободителната пресуда, која сега е укината, беше изречена на 4 јули 2019.

Тогаш судијката потврди дека делото за кое се гонат браќата не е кривично дело според закон, посочувајќи дека во вакви случаи праксата е ако постои дивоградба, и во текот на кривичната постапката таа се легализира, тогаш обвинението се повлекува. Таа наведе дека институциите не реагирале, ниту некој пријавил дивоградба, а потоа кога биле впишувани во катастар никој не го оспорил тоа.

 

Најнови вести