Надворешната канцеларија за криминалистички работои Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.С. (31) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 06.06.2020 во 13.20 часот пријавениот го напуштил својот дом и при извршена контрола од полициски службеници во 13.30 часот не бил затекнат дома, со што постапил спротивно на решението на Државен санитарен и здравствен инспекторат од 05.06.2020 година, со кое пријавениот се става под здравствен надзор и домашна изолација од надлежен Центар за јавно здравје Куманово во траење од 14 дена, сметано од 03 до 17.06.2020 година.