понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Tренчевска-Лудва: Чешка силно ја поддржува Македонија во евроинтеграцискиот процес

Tренчевска-Лудва: Чешка силно ја поддржува Македонија во евроинтеграцискиот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска оствари средба со амбасадорот на Чешка во Македонија Јарослав Лудва, на која разговараа за можностите за понатамошна соработка меѓу двете држави, особено со чешкото министерство во чија надлежност се трудот и социјалната политика.

Министерката Тренчевска истакнала дека искуството на Чешка е од големо значење за нас, особено во делот на грижа за лица од ранливите групи, социјални услуги, социјално осигурување, политики за пазарот на труд и вработување, колективно договарање и социјален договор. Соговорниците се согласиле дека соработката во овие области треба да се интензивира и продлабочи.

На средбата се разговарало и за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и напорите кои државата изминатите години ги прави со цел  усогласување на домашното со европското законодавство, со цел влез во Европската Унија.

Амбасадорот Лудва ја потврдил поддршката на Чешка за евроинтеграцијата на земјава и изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро, бидејќи земјата вистински се вложува.

-Република Чешка го презема претседавањето со Советот на ЕУ на 1 јули оваа година, се надевам дека почетокот на преговорите ќе се случи токму во овој период, рече амбасадорот Лудва.

Тренчевска изразила благодарност за силната поддршка на Чешката Република за нашето членство во НАТО како и за поддршката за приклучувањето на Северна Македонија во Европската унија.

Двете држави имаат одлична билатерална соработка и подготвени сме да ги продолжиме сите започнати процеси и да ја збогатиме соработката преку реализирање на заеднички проекти, размена на искуства и соработка, рекла Тренчевска.

Соговорниците изразиле уверување за продолжување на воспоставената соработка помеѓу двете држави.

Најнови вести