среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тренчевска: Предвременото исплаќање на пензиите се вршеше за заштита од ковидот, сега пензија ќе се добива на првиот ден во месецот

Тренчевска: Предвременото исплаќање на пензиите се вршеше за заштита од ковидот, сега пензија ќе се добива на првиот ден во месецот

На секој први во месецот, пензијата ќе биде навремено исплатена и достапна за секој пензионер во државата, посочи денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Таа информираше дека на 6 септември е закажана конститутивната седница на членовите на работната група и таму ќе се разговара за сите прашања поврзани со пензионерите и со минималната пензија.

-Предвременото исплаќање на пензиите се вршеше согласно меморандумот за соработка со Банкарска асоцијација на Македонија, со цел да не се создаваат гужви и да се заштити здравјето на пензионерите за време на ковидот. Со оглед на тоа дека повеќе немаме пандемија со ковид, од Банкарската асоцијација се повлекоа од предвременото исплаќање, но сега од буџетот на државата, на секој први во месецот навремено ќе биде исплатена пензијата, изјави Тренчевска по пуштање во употреба на детската градинка во Карпош 3, во одговор на новинарско прашање.

Најнови вести