Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во емисијата 24 Отворено истакна дека утре на барање на министерот за финансии треба да се одржи состанок на ниво министри од влада и претседатели на сојузи и конфедерации на кои ќе се разговара за надминување на транзицискиот период.
-Ние на последната седница на ЕСС изнесовме дека во името на солидарноста, функционерите треба да покажат добар чекор и да си ги вратат платите пред одлуката на Уставниот суд. Не дека ние ги сакаме нивните плати да ги земем, туку сакаме и ние да ги земаме истите плати. Во септември доколку се договориме за пораст или усогласување на платите во јавниот сектор, да се однесува на вработениот на највисоко работно место и на претседателот. Ние како синдикални претставници, не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември, рече Трендафилов.