сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРЕТ ДЕН ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ – еве колку време се чека, колони возила и нервозни граѓани и понатаму на граничниот премин

ТРЕТ ДЕН ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ – еве колку време се чека, колони возила и нервозни граѓани и понатаму на граничниот премин
фото: Архива, Алсат

На граничниот премин Табановце, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, соопшти АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести