Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на хирургија во Скопје распани се три лифтови, два од нив се за граѓаните, а пак едниот е за лекарите. Според вработените во оваа установа, лифтовите за граѓаните не работат веќе еден месец, а пак пред една недела едниот лифт наменет за лекари и пациенти е расипан исто така, објави ТВ21.
Во овој објект кој има шест спрата функционираа само еден лифт.
Директорката на службата на Клиничкиот центар Шкодране Дардишта, за ТВ21 изјави за проблемот е известена фирмата „Сезал“ која ги одржува овие лифтовите.
Таа додава дека се нарачани делови за поправка на лифтовите. Како што информира телевизијата, таа вети дека за три дена лифтовите ќе се санираат и ќе бидат во функција.