среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРИ НЕДЕЛИ ПО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА: Газдата недостапен за органите во Македонија, агенцијата Беса транс организира нови екскурзии

ТРИ НЕДЕЛИ ПО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА: Газдата недостапен за органите во Македонија, агенцијата Беса транс организира нови екскурзии

Три недели по катастрофалната автобуска несреќа на Беса транс, во која загинаа 45 луѓе, газдата е недостапен за орханите во Македонија, а агенцијата продолжува со организирање на туристички тури.

Инспекторите за транспорт не успеале да направат вонреден инспекциски надзор во Беса транс, која ги превезуваше патниците, зашто газдата бил недостапен.

Откако ова вчера го изјави директорот на Инспекторатот за транспорт, Руфат Хусеини, тој денеска за ТВ 24 вели дека доставиле писмен допис до агенцијата со датум и време на вршење на инспекцискиот надзор.

– Вонредниот инспекциски надзор не е извршен бидејќи седиштето на Беса транс беше затворено. Новиот надзор согласно Законот за инспекциски надзор е закажан со писмен допис до Беса транс. Исходот дали ќе се изврши надзорот зависи од тоа дали доставата ќе биде успешна, вели Хусеини.

Агенцијата Беса транс, пак, продолжува да организира тури од јануари.

– На телефонскиот број на агенцијата одговорија дека со турите за Истанбул продолжуваат од јануари, но се уште немаат точни датуми за екскурзиите кои ќе ги организираат, наведува ТВ 24.

Во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември во Бугарија животот го загубија 45 македонски државјани враќајки се од екскурзија во Истанбул, организирана од Беса транс.

Најнови вести