Центарот за Безбедносни истражувања (ЦБИ) вчера вечер со почеток од 19:30 часот во домот на културата во општина Ново Село одржа трибина на тема „Влијанието на масовното производство на канабис врз криминалитетот во заедниците“.
Свое обраќање на трибината имаа директорот на Центарот за безбедносни истражувања – Скопје и декан на факултетот за Детективи и криминалистика на Европски Универзитет во Скопје, проф. д-р Александар Нацев и специјалниот координатор на програмата за противтероризам на Центарот за безбедносни истражувања задолжен за Југоисточна Европа кој моментално работи на студија за безбедност на Универзитетот во Џорџтаун во Вашингтон, Раби Седрак.
На трибината говореше околу производството на конопот во Македонија како и за нелегалните мигранти кои што транзитираат преку нашата земја и на кој начин се перат црните пари.
Како што беше кажано на трибината од страна на говорниците дел од канабисот кој се произведува за медицинска употреба во Македонија завршува на црниот пазар се наведува во извештајот. Источниот дел од Македонија вклучува „жешки точки каде наркотиците доаѓаат од Бугарија (хероин и синтетички дроги) а канабиисот оди во обратна насока. Преку Струмица во Грција се пренесува канабис и хероин а кокаинот оди во двете насоки. Во истиот извештај Македонија е на претпоследно место државите на Западен Балкан според запленета дрога од страна на полицијата, зад Република Македонија е единствено Косово.
Покрај бизнисот со наркотици а обично овие два одат рака под рака, Македонија останува клучна транзитна рута за мигрантите која е особено популарна за мигрантите од пакистан и авганистан кои ангажираат локални шверцери. Овој нелегален бизнис само на границата меѓу Грција и Македонија се вртат помеѓу 11.8 и 17.7 милиони евра годишно. Дури еден хуманитарен работник кој е цитиран во текстот на извештајот вели дека „Дел од мигрантите Македонија ја нарекуваат Мафијадонија поради нејзината криминална репутација„ Во извештајот се вели: Заеднички именител на бизнисите за перење на парите е користењето кеш, и овие бизниси редовно менуваат сопственици по што доаѓа до зголемување на прометот и профитот. Во перањето пари се вклучени и нотари, адвокати, банкари агенти за недвижности, беше кажано на трибината во Ново Село од страна на говорниците во своите излагања.
Следеше интересна дискусија меу присутните, при што беше заклучено дека нема ништо срамно во тоа да бара сите да го почитуваат законот. Нема ништо страшно од тоа да бара еднаков третман, бидејќи колку повеќе дозволуваме да се случува ова кое се случува, атмосферата за живеење во оваа средина ќе стане уште толку понеподнослива.