Благодарност до можност да денеска продискутираме за одредени теми по однос на она што Градот Скопје го има затекнато, односно она што градоначалничката при нејзиното доаѓање затекна во Градот Скопје. Би сакал да започнам од она што значат финансиски средства и што тоа значело во тој момент кога градоначалничката Арсовска го презема раководството во Градот Скопје. Тоа беа вака голема сума на обврски односно околу 58 милиони евра само во доспеани обврски, обврски кои што требаше Градот веќе да ги исплаќа. Потоа, тука следеа оние 11 милиони, односно од прилика околу 11 милиони уште недоспеани договори, меѓутоа постапки во тек и слично кои што доспеваа за многу брзо време. Тука мора да се напоменат исто така и оние кредити кои што седум вкупно кои што беа веќе резервирани односно земени од страна на претходниот градоначалник Петре Шилегов. И кога ќе ги сумираме вака зборувам за само од старт во тој месец ноември кога се презема Градот Скопје тоа беа од прилика околу 150 милиони евра на обврски кои што ние нели граѓаните на градот Скопје ќе треба и треба да ги исплаќаме зборувам во идно време, истакна Ѓоко Велковски, генерален секретар во Град Скопје на денешната трибина насловена „Затекнато – реализирано во Град Скопје“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Велковски додаде дека без оглед на преголемите долгови кои што ги остави претходното раководство предводено од Петре Шилегов, градоначалничката Арсовска со својот тим продолжува да функционира и да работи на проектите кои што ги вети на граѓаните.
– Во однос на проекти, што би значело, што затекнавме, и тука ситуацијата беше вака генерално не така сјајна. Да не кажам катастрофална. Беа започнати неколку булевари кои што биле тендерирани и започнале со нивна реализација, меѓутоа никој не мислел како тие сите ќе бидат завршени односно ќе бидат реализирани до крај. На што се однесува ова, тоа се „Борис Трајковски“, особено „АСНОМ“ и мостот „Љубљанска“ популарно кажано. Тие три проекти беа заглавени со имотно правни односи. Односно некој започнал работи и да тендерира, без претходно да со приватни сопственици, дали со државата ги решат тие имотно правни односи, заклучи Велковски.
Велковски посочи дека веднаш по доаѓањето на градоначалничката Арсовска по однос на овој проблем се започна со реализација и расчистување на проектите но за овие 100-тина дена голем дел од имотно правните односи се започнати и се во постапка на реализација, а дел се веќе реализирани. Така да се расчистува со имотно правни односи за бул. „Борис Трајковски“ за позиции за да може да се реализира. Петре Шилегов започнал со реализација на овие проекти но наопачки, наместо од почеток тој започнал од крајот.
Во текот на трибината се обрати и Петар Милетиќ, кој што е советник во Советот на Град Скопје. Тој се осврна на промените кои што дојдоа во Градот Скопје по преземањето на власта од страна на Данела Арсовска.
– Има големи промени. Промените се по однос на тоа што транспарентно се работи и граѓаните може да ги гледаат седниците во живо. За прв пат Советот на Град Скопје воведе пракса да се пренесуваат седниците во живо за разлика од претходната советничка група која ја предводеше СДСМ и мнозинството кое тие го држеа, тоа беше совет кој работеше во корист на неколку луѓе. Тоа беше заробен совет каде се гласало онлајн преку платформата „Zoom“. Ја искористија пандемијата и еден човек гласаше а десет советници, така да нивното право на глас беше одземено, рече Милетиќ.