Сопственикот на „Еуростандард банка“, која отиде под стечај, Трифун Костовски, денеска упати јавен повик со кој бара повеќе институции да се вклучат во истрагата околу стечајот на банката.
Според него, овој случај изобилува со многу недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на одлуката.
Поради ова, тој бара во истрагата да се вклучат претседателот на Собранието, Талат Џафери, Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциската комисија и Министерството за внатрешни работи.