сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Апелирам Ковачевски и Николовски да ги засукаат ракавите и да ги постават македонските земјоделци на врвот во приоритетите и да се фатат за работа

Трипуновски: Апелирам Ковачевски и Николовски да ги засукаат ракавите и да ги постават македонските земјоделци на врвот во приоритетите и да се фатат за работа

Денеска сум на средба со земјоделците во Туралево, Кратово. Овој регион пред извесен период го зафати невреме кое што 100% ги уништи културите, општината и градоначалникот имаат формирано комисија за процена на штетите, направени се записници, но од власта и МЗШВ глас и заинтересираност сѐ уште нема, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно приоритетите на Ковачевски и Николовски им се други и македонските земјоделци им се ставени последни на листата, ако воопшто се ставени на листа, овие земјоделци живеат и егзистираат од земјоделство, после невремето овие земјоделци се доведени до раб на преживување.
Апелирам Ковачевски и Николовски да ги засукаат ракавите и да ги постават македонските земјоделци на врвот во приоритетите и да се фатат за работа, барем да не им го отежнуваат животот на македонските земјоделци во овие последни месеци од нивното владеење.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на земјоделците како што тоа сме го покажале во многу наврати во минатото, а и во блиска иднина повторно ќе бидеме на нивна страна и нема да дозволиме вакви проблеми да им бидат пречка во работата.

Најнови вести