Оваа слика е чист популизам на најлошата влада и најнеспособниот заменик министер за земјоделство Трајан Димковски, коментира на својата Фејсбук страница Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Епа, Трајане од кога се испофали и исфотографира со десетина луѓе на кои како што велиш им се одобрила апликацијата за грант за мерката млад земјоделец од 10.000 евр која приота касни повеќе од една година, редно би било да одговориш на неколку прашања кои што ги интересираат земјоделците:
Прво, до каде е исплатата на субвенциите на земјоделците?
Второ, дали и како ќе се реши проблемот со кои се соочуваат македонските тутунари?
Трето, до кога планираш да ги игнорираш проблемите на оризопроизводителите и јаболкарите?
И четврто, Трајане еден совет за тебе, додека ти водиш личен ПИ-ар, македонскиот земјоделец е доведен до просјачки стап, па добро би било наместо да се фалиш со нешто што е обврска на Агенцијата за финансиска поддршка, да дадеш одговор на земјоделците кои за жал се најпотцените и понижени откако СДСМ и ти сте на власт.
Но, крајот доаѓа. За многу брзо целата влада заминува во историјата, а се до тогаш, јас сум тука да те потсетувам на твојата неспособност, пишува во својата објава Трипуновски.