вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Наместо стимул за земјоделците, во ребалансот има дополнително кратење на средствата, состојбата ќе стане уште потешка

Трипуновски: Наместо стимул за земјоделците, во ребалансот има дополнително кратење на средствата, состојбата ќе стане уште потешка

Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ денеска при гостување во „Филибастер“ на радио „Лидер“ го коментираше и ребалансот на буџетот при што ги потсети македонските граѓани како Владата пред неколку месеци кога се носеше буџетот ги убедуваше дека буџетот е развоен. Владата во тој период дури и ветуваше дека многу ќе се инвестира во сите сектори меѓу кој беше и земјоделскиот. Но, за жал инвестиции нема во ниту еден сектор, а денес има сериозни кратења.

– Тоа е тој т.н. парадокс во кој што се наоѓаме во моментов и она лицемерие кое што го има власта пред земјоделците. Само за потсетување кога беше кризата со КОВИД -19 немаше кој не се изнареди од Владата на тогашен Зоран Заев и ги молеше земјоделците да произведуваат за да ја прехраниме нацијата, тоа беше речиси пред две години од сега. Од тогаш до сега во овие две години ниту една мерка, ниту еден проект, ниту една активност не ја потврди декларативноста на Владата во тоа време. Тоа значи дека овие две години земјоделците живеат потешко, нагласи Трипуновски.

Трипуновски додаде дека може да се воочат сериозни кратења во делот на земјоделството во ребалансот на буџетот кој од денеска е на дневен ред пред пратениците.

– Ние цело време говориме за стимулација, за производство, за храна, за домашни потреби, владата треба да одвои екстра пари кои што ќе бидат дополнителен стимул во овие тешки моменти да компезирате вештачко ѓубриво, да компезирате скапи нафтени деривати, да компазирате репро материјали кои што се исто така многу скапи, и без овие три елементи не може е да зборуваме за сериозно земјоделство производство. Наместо тие да одвојат дополнителна финансиска поддршка за земјоделците преку овие три компоненти кои што треба да се финансираат, тие кратат, рече Трипуновски.

Трипуновски посочи дека земјоделците ги немаат земено се уште субвенциите.

– За каков развоен буџет говори власта, за каков ребаланс зборуваме. Нели од власта не убедуваа дека пари има доволно и дека не треба да се крева лажна паника, и дека ВМРО-ДПМНЕ измислува. Но, гледаме денеска со ребалансот нема нови средства во буџетот. И оние кои што ги предвидуваат се многу минимални заради тоа што имаат неисплатени субвенции од пред 3-4 години од сега, појасни Трипуновски.

Трипуновски во текот на емисијата нагласи дека ребалансот на буџет нема да го реши проблемот и на земјоделците, и на граѓаните. Тој смета дека ребалансот на буџет ќе направи еден јаз односно една немоќност да се произведе дополнително храна. А, од друга страна може да се воочи дека инфлацијата и задолженоста на Република Македонија е многу голема.

Најнови вести