недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Недозволиво е околу 1.000 хектари во светиниколско да бидат без наводнување во услови кога АД Водостопанство ја зголеми цената

Трипуновски: Недозволиво е околу 1.000 хектари во светиниколско да бидат без наводнување во услови кога АД Водостопанство ја зголеми цената

Цветан Трипуновски, претседател на републичка комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денес е на протестот кој го организираат земјоделците од Свети Николе за да им даде поддршка во нивните барања.

„Земјоделците протестираат заради немањето вода за наводнување на околу 1000 хектари земјоделско земјиште во ситуација која браната Калиманци е полна до преливање. Дополнителен причинител за протестот е и тоа што АД Водостопанство ќе им ја зголеми цената на водата за наводнување за над 70%, а водата не стига до земјоделците на полето.

Ова е само уште еден доказ за негрижата на Владата и МЗШВ за македонските земјоделци“ – рече тој.

Најнови вести