Македонското земјоделство има доволен капацитет да ги покрие домашните потрби на сите стратешки култури, но погрешните политики на владата изминативе години доведе до ситуација да нивите се напуштаат и да останат необработени со што производството се намалува, изјави Цветан Трипуновски претседател на Комисија за земјоделство шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.
-Во 2016 година сме произведувале пченица на 79.000 хектари, од нив имало принос 306.000 тони пченица, а во 2021 година има 10.000 ехктари помалку и принос од 246.000 тони, што значи дека во отој период производството се намалило за 60.000 тони пченица, потенцираше Триповски.
Тој истакна дека политиката која ја води владата е без компас, мерките кои ги носи или се задоцнети или се без ефект во моментов.
-Министерството и владата требаше да распишат оглас за сето слободно државно земјоделско земјиште за да ги стимулира земјоделците да произведуваат култури кои се стратешки за Македонија. Гледаме дека министерството на почетокот на годината поништи два повици на нкои имаше над 1500 апликанти заинтересирани, и нема реобјавено оглас. Ние традиционално последниве неколку години откако СДСМ е на власт очекуваме некој друг да ни помогне, молевме за вакцини, сега молиме за пченица, нагласи Трипуновски.
Тој изјави дека владата има и контрадикторни изјави, Бектеши рече дека нема потреба од увоз, за да неколку ден подоцна Николовски фо демантира и змаина во Србија да моли за пченица.
Трипуновски се осврна и на трговскиот дефицит потенцирајќи дека за 5 години Македонија има трговски дефицит кој пораснал за 116 милиони евра и тоа е сума која не успеава да се надополни и со вкава тенденција нашето земјоделство ќе стане зависно од увоз за храна.