петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Откупната цена на јаболката во Ресен е под производната, во исто време владата дозволува увоз на јаболко од Србија и Молдавија

Трипуновски: Откупната цена на јаболката во Ресен е под производната, во исто време владата дозволува увоз на јаболко од Србија и Молдавија

Денеска сум во Ресен на средба со земјоделците од овој регион.

Годинешната реколта е катастрофална каде што мал удел имаа временските услови во Македонија, а поголем дел од одговорноста припаѓа на Владата и МЗШВ заради погубните политики во земјоделството.

Изминативе дваесетина дена во Македонија е дозволен увоз на јаболко од Србија, Албанија па дури и од Молдавија на штета на македонското квалитетно јаболко, а исто така во овој регион откупната цена е далеку под производната цена додека крајниот потрошувач на пазарите ширум Македонија купува скапо јаболко.

За неколку месеци од сега доаѓа нова Влада во Република Македонија која што навистина ќе покаже како со идеи, со конкретна визија и мерки ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец, вели во својата објава Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести