Денеска повторно бев во општина Долнени на барање на тутунарите од селата Новоселани, Дебреште и Ропотово, напиша на својата Фејсбук страница дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Трајан заедно со Шапуриќ во саботната посета од затворен тип на општина Долнени ветувале многу, а не исполниле ништо. Веќе во понеделникот биле затворени откупните пунктови, а во моментов само една компанија врши откуп на тутун. Меѓутоа и тутунот што се откупува е со пониска цена и класа од реалната. Проблем плус е увозот на тутун и досега се увезени над 600 тони тутун додека домашниот не се откупува, пишува Трипуновски.
Ваквите лаги и манипулации со земјоделците мора да престанат!, порачува тој