петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Премногу е, земјоделецот не живеел никогаш полошо, СДСМ го уништи земјоделието, затоа протест на 18 јуни во 20 часот пред влада

Трипуновски: Премногу е, земјоделецот не живеел никогаш полошо, СДСМ го уништи земјоделието, затоа протест на 18 јуни во 20 часот пред влада

Владата на СДСМ, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски го уништија земјоделството во Република Македонија, ова во своето видео обраќање на Фејсбук го изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изминатите пет години земјоделците се на постојан удар од власта, како резултат на неспособноста, незаинтересираноста и неодговорноста. Парите наместо кај земјоделците, завршуваат во џебовите на лица блиски до владата и на Николовски. Додека вие се борите со егзистенцијата, Љупчо Николовски му даде грант на неговиот довчерашен шеф Зоран Заев во вредност од 1.4 милиони евра. Димитар Ковачевски наместо да почне да работи во интерес на македонскиот земјоделец, воопшто не ги ни спомнал, ниту пак донел мерка во интерес на истиот. Ковачевски и Николовски единствено ги интересира бизнисите и луксузот на државен трошок. Владата не го цени трудот и маката на измачениот земјоделец. Земјоделецот никогаш порано не бил волку понижен и омаловажен како изминатите пет години откако СДСМ е на власт. Несигурен откуп, ниски цени, земјоделските производи наместо на пазар, завршуваат фрлени на буниште, нефункционално водостопанство, неисплатени субвенции, е сликата која изминатите пет години е реалност во македонското земјоделство. Владата на СДСМ, Ковачевски и Николовски се директно најодговорни за ова. Немаат ниту стратегија, ниту план, а од Македонија направија увозно зависна држава, која проси за пченица, пченка и масло за јадење. Визијата на СДСМ не е просперитет, туку пропаст во земјоделството. Нема гранка, нема сектор кој што не го уништија. Мораме сите заедно да ја промениме лошата состојба и оваа лоша реалноста. Затоа ве повикувам на масовна излезеност, обединети и сплотени, на народниот митинг во сабота на 18-ти јуни во 20 часот, да излеземе и гласно да порачаме ДОСТА Е. ПРЕМНОГУ Е, од оваа ненародна, расипничка и криминална влада предводена од СДСМ и ДУИ. Гласно да се спротивставиме на сите катастрофални политики во земјоделството на владата на СДСМ, а потоа заедно да почнеме да работиме и да го вратиме изгубеното достоинство на македонскиот земјоделец, истакна Трипуновски.

Еден човек плус, значи ден помалку за оваа криминалната влада предводена од СДСМ и ДУИ. Почитувани земјоделци се гледаме во сабота на 18-ти јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, додаде тој.

Најнови вести