четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, ниту еден млад човек не сака да остане во државата кога гледа дека трудот негов и на неговите родители е газен

Трипуновски: СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, ниту еден млад човек не сака да остане во државата кога гледа дека трудот негов и на неговите родители е газен

Претседателот на републичка комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство на ВМРО – ДПМНЕ Цветан Трипуновски во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер, рече дека СДСМ ги довеле земјоделците до питачки стап со нивата негрижа и неспособност.

Трипуновски појасни дека ниту еден млад човек нема да сака да остане во државата поради катастрофалните политики на СДСМ кои континуирано го потценуваат трудот на земјоделските фамилии и работници во државата.

-СДСМ ги доведоа земјоделците до питачки стап. Оваа ситуација со короната малку стоура иселување на младите од државата . Кој мла човек ќе сака да живее во држава каде што гледа дека негивиот родител се мачи како црнец од утро до вечер на крај родот му го земаат или без пари или го фрла и тој млад човек нема да го задржоте во Македонија покрај она што е разнебитеност си уценето раководство. Никој не сака да живее во таква држава.

Дополнително, Трипуновски рече дека СДСМ континуирано ги злоупотребуваат државните институции кои треба да им служат на граѓаните за криминал и лично богатење и дека тоа е видливо од многуте сомнителни тендери на оваа власт.

-Во предизборната програма во 2016 СДСМ ветуваше дека ќе направи трансформација на Македонски шуми се со цел да го национализираат производството во Македонски шуми. Изминативе 4 години се случуваат такви тендери да се богатат локални моќници кои што ќе го земат тој тендер за набавка однсно сеча и дотур на дрвна маса по приватните складишта на Македонија каде што граѓаните ќе треба да ги плаќаат истите цена неколку пати повисока од тоа што треба да биде во складовите на македонски шуми. Класичен криминал потенцираше Трипуновски.

Најнови вести