Цветан Трипуновски од ВМРО-ПМНЕ денеска беше во општина Неготино на средба со лозарите од тиквешкиот регион.
-Темата на оваа посета е да поразговараме со лозарите за актуелната состојба, за производството на винско грозје од реколта 2023 година и да видиме со какви проблеми се соочуваат лозарите со оглед дека годинава беше проблематична и од климатски аспект. Од оваа средба сакам да упатам еден апел до МЗШВ и Владата да уште утре седне на заедничка маса со лозарите и винарските визби и да се разговара за откупната цена на винското грозје од оваа реколта затоа што искуствено гледаме дека знаат да го преспијат периодот и кога ќе дојде времето за берба и откуп тогаш да се растрчаат, но тогаш е веќе доцна, рече тој.
Трипуновски упати апел до МЗШВ да обезбеди дополнителни средства и да направи промени на постоечките програми за да може да им помогне на оние лозари кои што претрпеа штети заради временските непогоди и заради тоа нема да го предадат својот род да можат да добијат финансиски надоместок од државата за да можат да го покријат вложеното во оваа реколта.
-Ние ќе продолжиме со овие средби и во наредниов период бидејќи ние секогаш сме биле, сме и ќе бидеме на страната на сите земјоделци во Република Македонија, посочи тој.