Денес испровоциран од лицемерниот настап на #ЉупчоНиколовски каде без срам и перде од петни жили се обидува да ја замајува јавноста, и неговите погубни политики во земјоделството да ги прикаже како развојни. Затоа преку бројки и со факти сакам да го демантирам, а на јавноста да и ја презентирам реална состојба во македонскиот аграр, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во 2014 год. учеството на вработени во сектор земјоделство бил 18,5% или 127 438 вработени!
Во 2020 год. учеството било со 12% или изразено во бројка со 95 545 вработени.
Замислете за период од 6 години падот е 6,5 % или речиси 32 000 вработени помалку, заради Вашата неспособност 32 0000 поранешни вработени во секторот сега се социјални случаеви или аргатуваат во странство‼️
Затоа “успешно” министерче по други пуТ ако сакаш да направиш добро за македонскиот аграр и руралната жена треба уште денес да го напуштиш Министерството, пишува Трипуновски на Фејсбук.