После вчерашното невреме, заменик министерот Цветан Трипуновски денеска е во посета на општина Долнени.
-Најпогодено е селото Заполжани и околината каде што градот уништил и до 80% од леите со тутун за расадување. Она што мене дополнително ме загрижува е фактот што три дена претходно Трајан Димковски промовираше систем со авионско засејување на облаците како первенција за град платен 1 милион евра народни пари истиот се покажа како нефункционален и апсолутно некорисен за земјоделците. Време е да се стави крај на непотребно трошење државни пари за нефункционални и бескорисни проекти од страна на овој хибриден режим. Време е оваа катастрофална гарнитура на власт да замине во историјата, порача тој.