Дополнителниот заманик министер за земјоделие, Цветан Типуновски денеска беше во посета на прилепско Канатларци, каде што оствари средби со мештаните кои што го изразија совоето огромно незадоволство од страна на власта на СДСМ.
Во продолжение Фејсбук статусот на дополнителниот заманик министер за земјоделие, Цветан Типуновски:
На мое огромно задоволство повторно го посетив селото Канатларци во Прилеп.
И тука земјоделците имаа забелешки за откупот на тутунот, узурпација и неправилната распределба на земјоделското земјиште, неисплатените штети од природните елементарни непогоди во 2018 година и многу други проблеми. Исто така имаат големо незадоволство и од локалната самоуправа во врска со водоводот и канализацијата, едноставно ништо поразлична слика од останатите краеви на Македонија во последниве три години.
Затоа на 12 април да ги поразиме овие катастрофални политики и да ја започнеме обновата на Македонија!