четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски за Николовски: Додека на државен трошок глумиш туроператор, нема цени за житото во ек на жетва, земјоделството е во пламен

Трипуновски за Николовски: Додека на државен трошок глумиш туроператор, нема цени за житото во ек на жетва, земјоделството е во пламен

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук му се обрати на министерот за земјоделство тврдејќи дека додека на државен трошок глуми туроператор, нема цени за житото во ек на жетва, земјоделството е во пламен.

„Се прошетал до Рим и освен што потрошил државни пари, што постигнал за македонското земјоделство ⁉️Аполутно ништо‼️

Го начекал во некој ходник министеров на Азербејџан и го лажел за успешна консолидација ❗️Брука ‼️
Абре Љупчо престани да глумиш туроператор сврти се дома , жетвата е во тек нема цени нема откуп на житото, земјоделството е во “пламен” а тебе ти е до шетање.

ПС: Патичиња си купи ли❓“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести