вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: За тутунарите нема субвенции, а за фирмите на Заев милионски грантови!

Трипуновски: За тутунарите нема субвенции, а за фирмите на Заев милионски грантови!

Денес на барање на тутунопроизводителите од општина Могила остварив средба со нив на која покрај другите проблеми со кои се соочуваат тие се пожалија и за неисплатените субвенции за тутунот и со самото тоа паднаа во вода сите изјави и фалби на мзшв и платежната агенција дека субвенциите се исплаќаат навремено и редовно бидејќи по програмата за дирекни плаќања овие субвенции требаше да се исплатат во месец март, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Труипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ова закаснување на субвенциите кое е редовна практика на оваа власт се доведува во прашање самата егзистенција на тутунарите бидејќи во услови на огромна инфлација вредноста на парите кои ќе ги добијат тутунарите ќе биде многукратно намалена,а исто така се доведува во прашање и самото расадување на новата реколта кое пак ќе повлече и намалување на и така десеткуваното производство а тоа ќе значи не само загуба за тутунарите туку и за државата.

Исто така тутунарите се револтирани што во ситуација на огромен скок на нафтените деривати повторно се извисени од власта и не се вклучени во мерката ЗЕЛЕНА НАФТА.

И за крај ќе ја искористам оваа можност да упатам јавно барање до Николовски и Бачовски кои доколку завршија со исплатата на грантови на нивни блиски луѓе и завршија со сликање и себе промоција, под итно да се зафатат со работа и да најдат пари за субвенциите за тутунот како и за сите други земјоделски гранки, пишува во својата објава Трипуновски.

Најнови вести