Во просториите на Клубот на органите на државната управа ќе се одржи тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементација на проектот за поддршка на слепите лица во Македонија.
Настанот во организација на Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, УСАИД, Интернационалната фондација Лајонс Клуб и Универзитетот на Југоисточна Европа.
На настанот ќе бидат презентирани досегашните постигнувања во работата со младите со оштетен вид, како и плановите на поединечните министерства и институции за зајакнато партнерско делување.
Предвидени се обраќања на министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на САД Џес Бејли.