вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Труипуновски: Поради ненавремените мерки на владата и МЗШВ за спречување на африканската свинска чума уништени се над 3500 грла свињи

Труипуновски: Поради ненавремените мерки на владата и МЗШВ за спречување на африканската свинска чума уништени се над 3500 грла свињи

Во разговор со пчеларите слушнав дека оваа не е баш добра година за нив, и приносот се движи од 4 до 5 килограми за пчелно семе, што е далеку под просекот за да биде рентабилно оваа гранка. Но, ја користам и оваа прилика и едно ветување до пчеларите е дека во иднина оваа сточарска гранка сериозно ќе биде земена во предвид и сериозно ќе се инвестира, се со цел да опстои во еко системот на нашето човештво, а од друга страна привлекување на млади луѓе кои што ќе започнат да одгледуваат пчели и да егзистираат своите семејства, вели Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство при денешната посета на Куманово по повод денови на мед.

Во однос на случувањата во земјоделството и болеста африканска чума, Трипуновски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став во однос на африканската свинска чума, потенцираше дека владата, ресорното министерство и Агенцијата за храна и ветеринарство ненавремено ги презеле потребните мерки за заштита на свињарскиот сектор од болеста и токму поради тоа согласно информациите кои што тој располага се уништени над 3500 грла свињи.

Изминатите неколку години наназад кога се појави африканската свинска чума во Бугарија, апелиравме до Агенцијата за храна и ветеринарство, до министерството и до Владата да се преземат сите неопходни мерки за да се заштитиме од оваа сериозна заразна болест која причинува големи економски штети кај свињарството. Меѓутоа сведоци сме дека во Република Македонија најпрво во Делчево а потоа почна да се шири и во централна Македонија, значи беа зафатени регионите на Делчево, Македонска Каменица, Кочани, наредна фаза беше Чешиново Облешево, Карбинци и Штип, и за жал денеска од тука имаме две жаришта на африканската свинска чума во село Никуштак и Долно Коњаре, и согласно мерките кои што ќе треба да се преземат ќе значи целосно уништување на свинскиот фонд и на сите жаришта кои што се зафатени на територија на државата. Согласно информациите со кои што јас располагам до сега се уништени преку 3500 грла свињи што е сериозна бројка за оваа сточарска гранка, нагласи Трипуновски.

Трипуновски уште еднаш упати апел до власта и министерството на посериозен пристап, како и ставање на сите ресурси за локализирање на моменталните жариште, нагласувајќи дека во спротивно се плаши со брзо проширување на болеста на цела територија што ќе значи целосно истребување на свињите.

Уште еднаш ја користам оваа прилика со оглед дека свињарството е многу распространето ширум државата и е битна економска гранка, како за државата, така и за опстанок на семејствата, АХВ, министерството и владата да ги ставата сите материјално технички средства и со еден сериозен навремен пристап да се локализираат и овие жаришта кои што сега ги имаме. Затоа што ако продолжи вака многу брзо ќе имаме на цела територија болест која што ќе значи целосно истребување на свињите, изјави Трипуновски.

Најнови вести