недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Централниот регистар го избриша Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ Битола од Регистарот на други правни лица

Централниот регистар го избриша Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ Битола од Регистарот на други правни лица

Вчера од страна на Министерство за правда до Централниот регистар на Република Северна Македонија е доставенo Решение за неусогласеност на Здружението КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИВАН МИХАЈЛОВ Битола согласно член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по претходно прибавеното мислење од страна на Комисијата за употреба на имиња на личности, информираат од Централниот регистар.

Централниот регистар по приемот на Решението за неусогласеност, а во врска со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации го избриша здружението од Регистарот на други правни лица.

Најнови вести