недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Црковниот храм „Трескавец“ конечно ќе биде реставриран

Црковниот храм „Трескавец“ конечно ќе биде реставриран

Напоредно со градежните работи за поставувањето на водоводот во балканското светилиште, манастирскиот комплекс „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец“, кои забрзано се одвиваат веќе втор месец, интензивно се работи и на изработката на проектот за реставрација и конзервација на манастирската црква. Овој средновековен црковен храм, иако е заштитено културно-историско национално наследство и Споменик на културата, со години е оставен на немилосрдниот заб на времето. Неговите оштетувања особено станаа загрижувачки после големиот пожар во 2013 година. Меѓутоа, како што уверуваат од прилепскиот Завод и Музеј, до крајот на годинава треба да завршат проектните подготовки за веќе в година, во Министерството за култура да се конкурира и со конечен проект.

„Ние годинава имаме за цел, иако тоа е тешка цел, меѓутоа како за цел ни е да го направиме проектот за санација, реконструкција и реставрација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Трескавец. Само да го подготвиме проектот е макотрпна работа, и таа работа, најверојатно, ќе видиме, можно е и да се продолжи, зависи од активностите што ги преземаме и од стручните лица“, – вели Горан Цветкоски, директор на НУ „Завод и Музеј“, Прилеп.

Инаку, како што објаснува Цветкоски, годинава, со два напоредни проекти, континуирано се работи на конзервацијата на црквата. Со првиот проект, кој треба да заврши до крајот на октомври, се прават хидро-геолошки истражувања за санирање на огромната влага која е и најголемиот проблем, бидејќи ги разјадува ѕидовите и на црквата, а и на нејзиниот исклучително вреден фрескоживопис. А додека вториот проект опфаќа – конзервација и реставрација на црквата и бидејќи тој е покомплексен во однос на првиот, на него работел стручен тим од ИЗИС, од Градежниот факултет и професор-консултант од Грција. За овие два проекти, годинава Министерството за култура издвоило 8, 2 милиони денари што всушност била и целата сума која прилепскиот Завод и Музеј ја побарал за оваа намена.

Најнови вести