Министерот за правда Никола Тупанчески од 21-22 септември 2022 година ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.
На 21 септември ќе одржи средба со министерката за правда на Словенија, Доминика Шварц Пипан . По завршувањето на средбата двајцата министри ќе одржат заедничка прес конференција. Во рамки на посетата, министерот Тупанчески ќе се сретне и со Дамијан Флорјанчич, претседател на Врховниот суд на Словенија, Бојан Мајчен, директор на Управата на затворот и Данијела Мрхар Прелиќ, директор на Управата за пробација.
На 22 септември, министерот Тупанчески ќе го посети Врховното државно обвинителство каде ќе оствари средба со Драго Шкета, државен јавен обвинител. Предвидени се и средби во Државно обвинителскиот совет и Судскиот совет на Словенија.Во рамки на посетата на Словенија, министерот за правда Никола Тупанчески ќе се сретне и со министерката без ресор задолжена за дигитализација Емилија Стојменова Дух.