среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Тупанчевски: Јас сум меѓу ретките кој инсистирав да платам за Палермо

Тупанчевски: Јас сум меѓу ретките кој инсистирав да платам за Палермо

Дефинитивно прашањето и како професор по кривично право и во однос на кодексите за етичко однесување на носителите на јавни функции, категорично отфрлам дека постои тип на одговорност. Нема ништо етичко во ова, вели министерот за правда, Никола Тупанчевски за случајот „Палермо“ и патувањето на бараж дуелот меѓу Италија и Македонија.

Според министерот, трошоците за ова патување ми беа испорачани од агенцијата што го организираше патувањето.

-Не сум сигурен дека комуникацијата со новинарите треба да оди со доставување на докази. Знам што значи транспарентност и одговорност. Доказ имам за трошоците и тоа ќе биде дел од информацијата што ја побара Владата. Таа е надлежна за спроведување на кодексот на етичко однесување на владините членови, рече министерот во емисијата „Трилинг“.

-Не сум патувал со обезбедување или буџетски средства, ниту со службено возило, ниту сум ја користел дипломатската исправа. Како се најдов во авионот за Палермо? Ја замолив ФФМ да дадат на кој начин ги бираат луѓето што ја придружуваат Федерацијата. Ова се пишани и непишани правила од повисоки институции, во случајов УЕФА и ФИФА. Секогаш фудбалската репрезентација организира вакви патувања. Зошто баш јас? Селекцијата ја прави ФФМ. Во таа делегација влегуваат над 200 луѓе покрај фудбалерите кои патуваат. Јас сум меѓу ретките кој инсистирав да биде платено. Пред да патувам погледнав дали нешто постои што е во колизија со кодексот на етичкото однесување, информира Тупанчевски.

Најнови вести