Денеска пристигнаа најавените 30.000 вакцини на „Синовак“ кои Македонија ги доби како донација од Турција.
Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.
-Благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката и за брзата испорака на ветената количина која е многу значајна за нас, велат од Министерството за здравство.