среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Туристичкиот сектор и по една година во иста ситуација – бараат исплата на плати ветени за месец февруари

Туристичкиот сектор и по една година во иста ситуација – бараат исплата на плати ветени за месец февруари

Туристичкиот сектор и по една година е во истата ситуација
Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари, а сеуште не поминати на Собрание, веднаш. Тие бараат помошта со исплата на плати да продолжи до моментот до кога истата ќе биде потребна, како и финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите.

Каков е ставот на институциите, дали ќе има континуитет во финансиската помош или ќе остават полека да почне да згаснува оваа дејност?!

И по една година падот на промет во туристичките агенции е 90%, туристичките водичи седат дома, а автобусите на превозниците се паркирани и хотелите празни. Дали ова кажува дека секторот има потреба од помош?!

Со затворањето на границите, заострувањето на мерките, немањето вакцини, секторот стравува од неможноста за работа и оваа летна сезона.

Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари, а сеуште не поминати на собрание, веднаш. Тие бараат помошта со исплата на плати да продолжи до моментот до кога истата ќе биде потребна, како и финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите. Доколку истата не се добие сите чинители во оваа дејност ќе започнат со работа во други дејности и потоа ќе бидат потребни години за повторно да се врати оваа гранка во живот. Веќе многу туристички работници, водичи, вработени во хотели и во туристички агенции почнуваат да работат на други позиции, а прашање е дали после 5 години ќе се вратат со истиот ентузијазам и квалитет во туризмот?!

Дали ќе се дозволи да се затворат туристички агенции?! Сето ова зависи дали државните институции ќе имаат слух за неопходната континуирана помош во оваа дејност.

Сектор за туризам

Најнови вести