четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Туристичките агенции пред банкрот – власта ги извиси, а решение имало

Туристичките агенции пред банкрот – власта ги извиси, а решение имало

Туристичките агенции пред банкрот, министерството за економија и понатаму ги игнорира барањата кои тие ги доставија пред 3 месеци.Државата им замачка очи, доделувајќи им субвенции за исплата на минимална плата и тоа само за месеците април,мај и јуни-оставајќи ги сред сезона сами да се снаоѓаат. Без скршен денар, агенциите сега ќе бидат принудени да затворат, оставајќи ги без работа вработените на кои не се во можност да им исплатат плати.

-Ги исклучија туристичките агенции и тур операторите,ги ставија во незавидна положба а во овoј момент ние се соочуваме со толку големи проблеми,ретко која граница има отворени граници за нас, не може граѓаните никаде да патуваат, не може никој да ни доаѓа овдека бидејќи сме на црна листа.Значи од сите страни сме затворени за работа.Доприносите треба да ги платиме сами, треба да платиме струја, кирии, сметки, од каде? А немаме никакви приходи веќе неколку месеци вели Јаким Маленко-Т.А.”Виспој”.

-Згора на се’ при доделувањето на ваучерите за туризам, државата ги усклучи туристичките агенции. Експертите по туризам велат дека во овој пакет мерки ,требаше да бидат вклучени туристичките агенции кои потоа би вршеле резервации во соработка со хотелите и приватните станоиздавачи.На тој начин ќе се избегнеа малверзации и нелегаленен бизнис со ваучерите,а од друга страна пак агенциите ќе имаа каков –таков бенефит од земената провизијата и ќе можеа да закрепнат. Но не само тоа, ваучерите за туризам ќе ги натераше туристичките агенции да ја зголемат професионалноста-ценат експертите. Тоа туристичките агенции ќе ги натера да почнат по професионално да се однесуваат во врска со потпишувањето на договори за давање и користење на услуги. Многу малку туристичките агенции кај нас склучуваат договори за побарана и добиена резервација или за закуп вели проф.д-р. Науме Мариноски-Ф.Т.У.

Туристичките агенции се фактор кој е незаобиколен во туристичкото стопанство не сами кај нас, туку секаде во светот, вели професор Мариноски и мора да им се помогне.Агенциите од државата меѓу другото бараат: неповратна финансиска помош од 500 евра за фирми до пет вработени и од 1 000 евра за фирми со над пет вработени, минимална плата од 14 500 денари, платени придонеси, одложување на исплатата на кредитите, ослободување од ДДВ до крајот на годината, одобрување бескаматни кредити за сите.Државата да не ја сече гранката на која што седи,порачуваат од туристичките агенции, бидејќи туризмот е стопанска гранка со голема годишна даночна стапка и придонесува многу во државниот буџет.

Најнови вести