вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Туристичките водичи и придружници јавно упатуваат неколку барања до Владата

Туристичките водичи и придружници јавно упатуваат неколку барања до Владата

Денеска ширум светот се слави светскиот ден на туристички водичи 21 февруари. На денешен ден сите асоцијации во целиот свет го слават овој ден. И Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници им упатуваат честитки со искрени желби за многу работа во престојниот период и подобрување на статусот на водичите во светот.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Туристичките водичи се културни амбасадори на својата земја и со својата работа допринесуваат во развивањето на туризмот  во својата држава и пошироко во регионот.Заради специфичноста и репрезентативноста на својата дејност ние сме од јавен интерес за државата.Но, за жал наместо на овој убав ден сите ние да сме горди на својата професија ние повторно сме заборавени од владата.

Македонската асоцијација  на туристички водичи и придружници јавно упатува неколку барања до владата за подобрување на статусот на водичите.

  1. Зошто и според кои критериуми туристичките водичи се иземени од 5-от пакет на економски мерки земајќи во предвид  дека се наогаме во тешка состојба заради пандемијата, а бевме вклучени во предходниот пакет на мерки.
  2. Бараме од ресорното министерство и владата да одговорат на нашите барања за решавање на нашиот статус.
  3. Бараме донесување на протоколи за работа во нашата дејност .
  4. Бараме од Министерството за Здравство по предходно наше барање да не внесе во листа на приоритетни категории за вакцинација.

МАТВП

Најнови вести