недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Туризмот во колапс: Наместо акција за спас на секторот, секој си брка своја работа

Туризмот во колапс: Наместо акција за спас на секторот, секој си брка своја работа

Туристичкиот сектор со пад на промет од 90 отсто е целосно уништен, во колапс и оставен на цедило од страна на власта. Поради неажурноста на владата, особено на Министерствата за здравство и надворешна политика, на повидок е уште една пропадната туристичка сезона.

Трагедија за секторот е доцнењето на донесување на одлуката за помош со плати, која е најпотребна во периодов. Втората плата требаше да се исплати а сеуште не е добиена за февруари, а и март помина. Туристичките работници се жалат дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и за здравство Венко Филипче се занимаваат со се, но не и со тоа за што се платени. Тие со месеци не објавиле податоци за протоколите.

-Џабе ние ќе донесеме светски стандард лесно препознаен од туристите, ако на нашата веб страна последна вест на англиски јазик е објавена во мај 2020-та. За каков туризам ние ќе зборуваме ако министерството не ги објавува протоколите? МНР замислете, нема сајт на англиски јазик. Овој наш аларм сакаме да биде сфатен сериозно затоа што веќе сме април, потребни се координирани акции, изјави Александар Кузманоски, заменик-претседател на Здружението на угостителство и туризам.

Македонија веќе една година доцни и со имплементирање на „save travel“ печатите кои треба да гарантираат дека земјава е безбедна за патување, велат од Комората.

Мерка која сите земји од регионот ја имаат воведено уште лани. Тие бараат од министерот за здравство Венко Филипче итно воведување и на бесплатни ПЦР тестови за туристи. Исто така, туристичкиот сектор е крајно револтиран и од изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој вчера рече дека македонската влада нема да преговара билатерално со грчката влада, по примерот на српската.

Па, кога е така тие го прашуваат министерот дали тој има некакво решение за ваучерите кои не се реализираа поради COVID 19. Најголемиот дел од нив се за нереализирани аранжмани за лето 2020 во Грција.

-Сакале или несакале парите на агенциите и граѓаните се во Грција, па токму поради тоа државните институции, а посебно Министерство за економија треба да помогне за истите да се реализираат, а не категорично да одбиваат преговори и соработка со Грција за решавање на ова витално прашање за опстанок на туристичките агенции, велат од секторот.

Поради сиот овој хаос што се случува во туристичкиот сектор туристичките работници најавија протести.

Најнови вести