Тутунарите предупредуваат на масовни протести доколку не се најде решение и државата да ги заштити а не да има се случува, како што велат тие, грабеж при откуп на истиот.
Тие се жалат на ниската откупна цена на тутунот, одбитоците од 10%, и тоа што тутунот им се цени воглавно трета и четврта класа што според нив не е реално.
– Нашата мака вреди една кутија цигари. Станување во 2 часот, целодневна работа вреди 100 денари, килограм тутун ни се откупува за 100 денари. Се проценува во трета и четврта класа, одбитоци 10%, луѓето одбиваат да го дадат, не можат да ги покријат ни сопствените трошоци. Не кошта 150, ни го замеаат за 120, ова не може вака да биде. Никакви политички партии зад нас не стојат. Ние сме Македонци, Албанци, Турци, Роми, сите националности, нас никој не е обедини, не обедини маката, изјави еден тутунопроизводител на вчерашниот предупредувачки протест на тутунарите.
И додека тутунопроизводителите се надеваат дека државата нема да ги остави сами на себе и ќе превземе мерки за да ги заштити, министерот за земјоделие директно кажува дека нема намера да превземе мерки за нивната мака.
-Сакам јавно да соопштам дека треба да излеземе од концептот дека државата треба секогаш да интервенира таму каде што има проблеми при купувањето, изјави министерот за земјоделие Аријанит Хоџа.
Друг проблем на тутунарите е и Законот за тутун кој дозволува увоз, а Владата и покрај ланските блокади за овој проблем на тутунарите, никако да го реши. Тие велат дека бараат со закон да се забрани увоз се додека не се откупи домашниот тутун па со ова решение да бидат заштитени.
Тутунарите најавија дека нема да го продаваат тутунот по катастрофална цена која не ги покрива ниту основните трошоци а протестите ќе се организираат низ целата држава се додека не се изнајде соодветно решение.