недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТВ 21: Валон Бела по втор пат ја пријави директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска

ТВ 21: Валон Бела по втор пат ја пријави директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска

Поранешниот економски директор на Клиниката за гинекологија, Валон Бела, по вторпат ја пријави директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, дека направила злоупотреби во клиниката, пренесува ТВ 21.

Бела отишол во Основното јавно обвинителство при што доставил други пријави за злоупотреба на службена должност, како што вели тој.

Бела вели дека долгот на клиниката е двојно зголемен и дека додека тој бил на функција на клиниката и стигнале 20 предупредувања со кои го ризикува блокирање на сметката. Тој рече дека доаѓаат црни денови за новороденчињата.

Инаку, Валон Бела, поранешен економски директор во оваа клиника, рече дека сите документи што ги поседува ќе ги предаде и на странските амбасади како и во канцеларијата на ЕУ во Скопје. Според него, обвинителството сериозно се зафатило со претходните обвиненија.

Најнови вести