четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТВ презентерка ќе стане македонски конзул во Њујорк

ТВ презентерка ќе стане македонски конзул во Њујорк

ТВ презентерка на вести ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД, дознаваме од владини избори.

Сношти владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдил предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.

Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.

Најнови вести