Силен земјотрес со јачина 5,5 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција, а се почувствува низ цела Македонија, пренесе ТВ21.
Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот предизвикал и значителна материјална штета, односно испукани се ѕидовите во неколку згради низ Битола.
Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови, информира ТВ21.
Погледнете го видеото на ТВ21: