Фотографирање со мобилен телефон од тераса на зграда близу избирачкото место во ОУ „Браќа Миладиновци“ на улицата „Јован Стефаноски – Риле“ било регистрирано денес.
Од МВР информираа дека преземени се мерки и лицата се однесени во полициската станица.
Според низа, неофицијални објави на социјалните мрежи, лицата на возраст од 20-тина години, не фотографирале, туку седеле на тереса и биле фотографирани од непознати лица.
Неофицијално, биле приведени од станот во кој се наоѓале и однесени во полициска станица каде не им биле пронајдени ниту фотографии, ниту снимки.